Насловна
Контакти
 

За нас

Снабдување Центар Дооел - Скопје е друштво со ограничена одговорност за снабдување со топлинска енергија, во приватна сопственост. Друштвото е формирано на 19.11.2008 година од страна на Топлификација АД како единствен основач.

Во 2010 година, со добивање на лиценцата за вршење на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија бр. ТЕ – 08.03.1/09 од 06.09.2009 година издадена од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, Снабдување Центар ДООЕЛ Скопје започна со вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија.

Согласно лиценцата, Снабдување Центар ДООЕЛ енергетската дејност ја извршува на подрачјето на општина Центар, општина Кисела Вода, општина Чаир и дел од општина Аеродром. Како носител на лиценцата, Друштвото е одговорно за обезбедување на топлинска енергија и дистрибутивен капацитет за испорака на топлинска енергија, како и за мерење, отчитување и фактурирање на испорачаната топлинска енергија.

Дејноста снабдување со топлинска енергија на подрачјето за кое има лиценца, Снабдување Центар Дооел - Скопје ја извршува врз основа на договори за испорака со производителот на топлинска енергија, со дистрибутерот на топлинска енергија и со потрошувачите.

 


 

 

Годишни извештаи

Годишен извештај 2011-та

Годишен извештај 2010-та

 

Снабдување Центар ДООЕЛ - Скопје, 02 / 3204 - 410, contact@snabduvanjecentar.mk