Насловна
Контакти
 

Прашања и одговори

Затвори ги сите | Отвори си сите

1. На колку месечни рати се врши плаќањето на надоместокот за потрошената топлинска енергија за една грејна сезона?

Надоместокот за потрошената топлинска енергија за една грејна сезона, согласно член 35 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, ДОМАЌИНСТВАТА можат да го подмират:

  • На 12 месеци (фактури), со тоа што плаќањето почнува од август, а завршува со јули месец наредната година,

  • На 8 месеци (фактури), со тоа што плаќањето почнува од октомври, а завршува со мај наредната година,

  • На 7 месеци (фактури), со тоа што плаќањето почнува од октомври, а завршува со април наредната година. Да напоменеме дека во тој случај мора да има согласност од сите потрошувачи на тоа мерно место.

Категоријата на потрошувачи ОСТАНАТИ, надоместокот за потрошената топлинска енергија за една грејна сезона го плаќаат на 7 месеци (фактури), од октомври до април наредната година.

Категоријата на потрошувачи ДОМАЌИНСТВА, до колку сакаат да го променат начинот на задолжување со надоместокот на топлинска енергија, согласно наведените опции, истото треба да го направат пред почетокот на грејната сезона до крајот на месец јуни.
До колку тоа не се направи, потрошувачите се задолжуваат со надоместокот за топлинска енергија во 12 месечни фактури

2. На кој начин се изработува авансната фактура за потрошувачите кои плаќаат на 12 месеци?

За првиот дел од грејната сезона (октомври – декември), се изработува авансна фактура за потрошувачите кои надоместокот за греење го плаќаат на 12месеци за тековната грејна сезона за месеците: август, септември, октомври и ноември.
За вториот дел од грејната сезона (јануари – април), се изработува исто така авансна фактура за потрошувачите кои надоместокот за греење го плаќаат на12 месеци за тековната грејна сезона, за месеците: јануари, февруари, март и април.
Основа за дефинирање на авансната фактура е потрошувачката на енергија од претходната грејна сезона, коефициентот на прогнозирана потрошувачка на енергија, важечките тарифни ставови на топлинската енергија, ангажираната моќност и вкупниот број на активни потрошувачи.

Авансната фактура се пресметува согласно член 37 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија (Сл весник бр 151/2009).

3. Каја е постапката за пријавување на нелегално приклучен потрошувач, надградби и доградби во објектот?

Во случај кога потрошувачите од еден објект имаат сомневања дека некој од исклучените потрошувачи се приклучил, или пак има надградби, или доградби од останатите потрошувачи кои се греат, истото може да го направи со достава на писмен допис од Заедницата на сопственици до Снабдувачот, по што ќе биде извршена контрола на објектот.
До колку при контролата се утврди дека има нелегално приклучоци, или има надгради, или доградби, потрошувачот ќе биде задолжен ретроактивно од почетокот на грејната сезона, а на останатите потрошувачи ќе им бидат корегирани фактурите, односно ќе им се намалат, заклучно со порамнувачките фактури.

4. Дали потрошувач од колективен објект за домување може да се исклучи од топлификационата мрежа и каква е постапката за исклучување?

Во колективните објекти за домување може да се врши поединечно исклучување на потрошувачите по нивно барање, при што потрошувачот треба да ги исполни следните услови:
- согласност од вкупниот број на потрошувачи на тој објект каде расределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред
- подмирување на обврските по основ на фактури за испорачана топлинска енергија
- пополнување на барање за исклучување (формулар) – достапно на наплатниот пункт на Снабдување Центар Дооел  Скопје (на бул.Партизански одреди бр 22)
- плаќање на соодветни трошоци за исклучување – во зависност од големина на просторот односно од бројот на грејни тела ( испуштање на вода, пломбирање на радијатори и др.трошоци)
- обезбедување на слободен пристап во просторот во време договорено со лица задолжени за исклучување.

5. Кога започнува и до кога трае грејната сезона?

Снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи по правило се врши во периодот од 15 октомври во тековната, до 15 април во наредната календарска година.
Снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, доколку во три последователни денови во периодот од 28 септември до 15 октомври, надворешната температура во 21:00 часот е 12ºС или пониска, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Македонија.
Снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 1 мај, доколку во три последователни денови во периодот од 13 април до 29 април, надворешната температура во 21:00 часот е 12ºС или пониска, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Македонија.

6. Кој е обврската на потрошувачот пред почеток на секоја грејна сезона со цел да се обезбеди непречена испорака на топлинска енергија во грејниот период?

За да може да се обезбеди непречена испорака на топлинска енергија во грејниот период, заклучно со 1 септември, потребно е да ги направите и проверите следниве работи:

  • Да ги замените неисправните радијаторски вентили, вертикали и грејни тела од внатрешната грејна инсталација,

  • Да ја пријавите секоја завршена интервенција на грејната инсталација во диспечерскиот центар на тел: 3 076-200, за да објектот биде навреме приклучен на топлификациониот систем и подготвен за почеток на грејната сезона. Во спротивно објектот ќе остане без греење и со статус – интервенција на внатрешна инсталација во тек,

Обезбедување непречен пристап на службените лица до топлинската станица, што подразбира типски клучеви на соодветните врати како и на вратата на самата топлинска станица,

  • Обезбедување постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени фактури за електричната енергија за пумпите од топлинската станица и исправна електрична инсталација до топлинската станица)

7. Каква е процедурата во случај кога температурата во станот е помала од проектната?

Потрошувачите кај кои во грејните простории во време од 06 до 21 часот во текот на денот при потполно отворени радијаторски вентили не се обезбедува температура од 20+1º C, потребно е да поднесат барање (формулар) за проверка на квалитет на греење под услов да бидат исполнет членот 10 од Правилата за снабдување со топлинска енергија:

Потрошувачите имаат обврска во периодот од 15 мај до 15 септември во тековната година да извршат проверка на исправноста на грејната инсталација во објектот, за да може да се обезбеди непречена испорака на топлинска енергија во грејниот период.

Доколку сакате да се провери квалитетот на греење, а пред тоа се исполнети горенаведените услови Ве молиме да ја запазите следната постпка :
- пополнување на барање (формулар) за проверка на квалитет на греење – достапно на наплатниот пункт на Снабдување Центар Дооел  Скопје (на бул.Партизански одреди бр 22)
- обезбедување на слободен пристап во просторот во време договорено со лица задолжени за проверка на квалитет на греење.

За секоја грејна сезона треба да се поднесува барање (формулар) за продолжување на корекцијата во колку состојбата е иста или влошена.

8. Како да се изврши промена на сопственик?

Потрошувачот од катергорија на потрошувач Домаќинства , кој сака да изврши промена на име на фактурата, заради промена на сопственост е должен да ги приложи и обезбеди на увид следниве документи :
1. Потврда за претходниот потрошувач за целосно платен долг, соглано датата на склучување на купопродажниотДоговор;
2. Купопродажен договор;
3. Имотен лист;
4. Лична карта;
5. Договор за Снабдување со топлинска енергија;
6. Образец “Барање” за промена на потрошувач.

Документот под реден број 6 се пополнува во наплатниот центар на Снабдувачот.
За категорија на потрошувачи Останати , до колку сопстевникот е физичко лице важат горе наведените документи.

За Правните лица исто така важат истите документи ,со тоа што наместо лична карта се доствува Тековна состојба од Централен регистар.

9. Каде можат да се платат редовните фактурите за топлнска енергија и старите долгови?

Долговите по основ на испорачана топлинска енергија потрошувачите можат да ги платат во една од наведените банки, во пошта и во наведените наплатни пунктови:

Наплатен пункт 

Адреса

Снабдување Центар                  

бул. Партизански одреди бр.22

Снабдување Запад                

ул. Лондонска бб

Снабдување Исток                     

бул. Јане Сандански бр.49

Жиро Сметки

10. Дали потрошувачот има право да врши измена на грејната инсталација?

Согласно член 19 од Правилникот за условите за снабдување со топлинска енергија, (Сл. Весник на РМ бр. 151/2009) и Член 12 од Правилата за снабдување со топлинска енергија (Сл. Весник на РМ бр. 86/12) Потрошувачот не смее да врши измена на грејната инсталација

11. Кој ја прави цената за топлинска енергија?

Тарифните ставови за топлинска енергија се одредуваат од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ согласно Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за топлинска енергија за греење.

Снабдување Центар ДООЕЛ - Скопје, 02 / 3204 - 410, contact@snabduvanjecentar.mk