Насловна
Контакти
 

Рекламации - Писмени приговори

1) Ако потрошувачот поднесе писмен приговор за квалитетот на топлинска енергија до снабдувачот, операторот на дистрибутивниот систем во рок од 5 дена од денот на поднесувањето на приговорот, треба да спроведе мерења и да изготви писмен извештај за резултатите од мерењето на квалитетот на топлинска енергија на мерно место.

(2) Извештајот од став 1 на овој член, дистрибутерот во рок од 10 дена од денот на поднесување на приговорот го доставува до снабдувачот, кој е должен да го извести потрошувачот.

(3) Потрошувачите кои се незадоволни од квалитетот на испораката на топлинска енергија, можат да поднесат писмено барање до снабдувачот, за проверка на квалитетот.

(4) Снабдувачот е должен по стекнување на условите за контрола да ги провери наводите од рекламацијата, и писмено да го извести потрошувачот.

(5) По рекламација на поединечни потрошувачи, во објекти каде што распределбата на енергијата се врши според грејната површина, квалитетот на испорачаната топлинска енергија се утврдува според Правилник за квалитет на испорачаната топлинска енергија, кој го донесува снабдувачот по претходно одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

 

Снабдување Центар ДООЕЛ - Скопје, 02 / 3204 - 410, contact@snabduvanjecentar.mk