Насловна
Контакти
 

Рекламации за фактури и сметки

(1) Потрошувачот може во рок од 15 дена сметано од денот на доставувањето на сметката – фактура, но не подолго од триесет дена по истекот на месецот за кој се однесува фактурата за потрошена енергија да поднесе приговор во писмена форма до снабдувачот.

(2) Снабдувачот е должен во рок од петнаесет дена сметано од денот на приемот на приговорот да се изјасни по приговорот во писмена форма.

(3) Приговорот не го одлага плаќањето на фактурата. Доколку се заклучи дека приговорот е основан ќе се постапи согласно став 4 од овој член.

(4) Ако се утврди дека испорачаната топлинска енергија не е точно измерена, односно пресметана, снабдувачот е должен да му го вкалкулира на потрошувачот прекумерно пресметаниот и платениот износ во наредниот пресметковен период, освен ако снабдувачот нема побарувања од потрошувачот по било кој друг основ.

 

 

 

Снабдување Центар ДООЕЛ - Скопје, 02 / 3204 - 410, contact@snabduvanjecentar.mk