Насловна
Контакти
 

Должност на потрошувачи

 

За почеток на грејна сезона

Почитувани Потрошувачи,

Дозволете да Вe потсетиме на Вашите обврски со цел подготовка на Вашите грејни инсталации за новата грејна сезона и навремено создавање услови за испорака на топлинска енергија до Вашите домови на првиот ден на грејната сезона:

  • Пријавување на секоја завршена интервенција на грејната инсталација на  диспечерскиот центар  на 3076200, со смс на 071260300, 075496662, 078205820 или преку OnLine форма

  •  Обезбедување непречен пристап на службените лица  до топлинската станица што подразбира типски клучеви на соодветните врати како и на вратата на самата топлинска станица

  • Обезбедување постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлотната станица и исправна електрична инсталација до топлинската станица)

Преглед на моментално затворени објекти можете да видите тука

 

Препорака за спречување течење во летниот период

Во периодот вон грејната сезона, по правило, водата од грејната инсталација на Вашиот објект не се празни (доколку некој потрошувач не побара заради интервенција).
Грејната инсталација треба да e полна со вода, со што се спречува навлегување на воздух во инсталацијата (може да предизвика корозија), оневозможено е диво приклучување и се намалуваат трошоците за припрема на хемиски третираната вода која струи низ целиот топлификационен систем.

Водата при загревање се шири и тоа исто се случува во Вашиот систем заради растот на собната температура, кога надвор е потопло. Затоа, Ве советуваме да не ги затворатe вентилите на радијаторите и другите загревни тела или во станските ормарчиња, затоа што водата нема да има каде да се шири, ќе дојде до зголемување на притисокот и испукнување на грејната инсталација.

 

За ремонтен период

Дозволете да Ве потсетиме на Вашите обврски во ремонтниот период со цел подготовка на Вашите грејни инсталации за следната грејна сезона и навремено создавање услови за непречено приклучување на објектите на системот кое почнува околу 10-ти септември. 

  • Отстранување на утврдени дефекти од минатата грејна сезона (поставување на славини за воздух на грејните тела кои често се полнат со воздух, замена на неисправни радијаторски вентили и вентили на вертикали, оспособување на затворени вертикали и грејни тела заради течења, прочистување на внатрешната инсталација и сл.)

  • Пријавување на секоја завршена интервенција на грејната инсталација на  диспечерскиот центар за да објектот добие статус спремен за старт на сезоната и биде навреме приклучен на системот, во спротивно ќе остане вон системот со статус- интервенција на внатрешна инсталација во тек

  • Обезбедување непречен пристап на службените лица  до топлинската станица што подразбира типски клучеви на соодветните врати како и на вратата на самата топлинска станица

  • Обезбедување постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и исправна електрична инсталација до топлинската станица).

Снабдување Центар ДООЕЛ - Скопје, 02 / 3204 - 410, contact@snabduvanjecentar.mk